Има нешто во sвездите или космичките енергии за кои, да речеме, штом помислиш на некои луѓе, веднаш ти се појавуваат во твојот видокруг, не географски, туку „онлајн“. Кога велам географски, сакам да кажам дека јас живеам централно, а од мојот центар, Орданоски живее северно; или од географска перспектива на Орданоски, тој живее „централно“, а јас живеам „внатрешно“. Замрсени се патчињата на Македонија, комшија.

Имено, пред неколку денови, додека испивам тазе шприцер во едно кафанче, го прашувам мојот пријател, „добро, човеку, каде е тој шармантно-пополнет Орданоски“? Не знаеше да ми одговори, а на реакцијата од пријателот, јас збунето ги дигнав рамениците отпивајќи една голтка шприцер.

Не поминаа три дена, ете го Орданоски со нов текст на „Цивилмедија“; се’ уште добар, „либерализиран“, критичен и ориентиран на оние питоми, европски и благороднички позиции. Што значи, се прашува Орданоски што е со либерализмот, умре ли, жив ли е, го сфаќаат ли тој концепт, постојат ли луѓе кои се спремни да… Ако веќе сакате да дознаете што вели Орданоски, го имате текстот на „Цивилмедија“ и може да си го прочитате. Денес ќе позборуваме за нешто слично за кое зборуваше и Ордановски, ама (што би рекле оние лудо-сатирични Монтипајтоновци) something completely different.

Извесен Бранимир Јовановиќ, еден од создавачите на таа бизарна Левица на Апасиев, надрндан хипстер кој преку „Шарената револуција“ влезе во Владата на Заев за, потоа, Бранимир јебено, ама јако-јебено да се разочара за тоа што овој му ветил дека ќе се грижи за сиромашните, а во меѓувреме му го ставил на вицепремиерската позиција Кочо Анѓушев, па Бранимир Ј. страшно се налутил и разочарал, па дрн, па sврц, и тоа нему му кажало дека Социјалдемократите нема да се грижат за сиромашните.

Ваква инфантилизација е типична за сите „политички дунстери“ кои ќе влезат некаде тивко, а ќе излезат демонстративно на сите sвона, па со своите лични разочарувања со години ќе ја психологизираат јавноста од типот, види ги, лажат, не помaгаат на сиромашни, не се грижат за слабите…

Многу е безобразно да ја негираш покачената минимална плата од 9. во времето на Груевски на 18 илјади денари во времето на Социјалдемократите. Многу е безобразно да го негираш законот за сите стечајни работници: се работи за околу 13. 000 илјади луѓе кои добиваат по 9.500 денари до крајот на нивното пензионирање. Многу е безобразно да ја негираш и Социјалната помош која е зголемена за 300 %; да не ги заборавиме зголемените просечни плати, па детскиот додаток на 75.000 дечиња, па Образовниот надоместок за 64.000 дечиња; многу е безобразно да го негираш Договорот од Преспа, па влезот во НАТО, безобразно е да го негираш заштитетниот македонски идентитет и јазик, многу е безобразно да го негираш мултикултурниот карактер на земјата (Албанците денес се многу поголеми верници за Евроинтеграција од таканаречените „македонски интелектуалци“, самопризнати реторички бардови на јавната реч), многу е безобразно да го негираш обидот за влез на Бугарите во преамбулата на Уставот, како права Европска и инклузивна држава за сите на целиот Балкански полуостров… Многу е безобразно да ја негираш плуралноста и сите замисливи и незамисливи слободи во државата…

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Фронтлајн на следниов ЛИНК.