Заради таа масовна психоза и притисокот врз здравствените системи, сите држави прогласуваат вонредни и кризни состојби со вирусов. Впрочем, мислите дека е можно – вклучително и во Јапонија! – да се откажат Евровизија, Олимписките игри или изведбата на повеќемесечните репертоари од Бродвеј до МНТ, а и да дојде до недостаток на тоалет-хартија од глобални размери, заради опасната „епидемија“ на гинење по купатила?!
Сепак, добро е работите да се стават во контекст. Не ширете паника затоа што триесетина дена ќе морате да се дружите со децата или со родителите, можеби и повеќе од тоа што сте го правеле со нив, збирно, во последните десет години. Тоа ви е како кога ја сфаќате важноста на струјата само кога ќе снема светло.
Уживајте на чист воздух, ако ништо друго.
И, аман, следниот пат кога панично ќе пазарите 20 килограми брашно, набавете и влечки што не се лизгаат на плочки оти, како што гледате, вирусов сигурно ќе го преживеете, ама по купатила се гине масовно!
Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.