Многу е битно, да речам, пресудно, кого следиш на мрежите…
А секакви нè има, да.
Во зависност од тоа, можеш да добиеш чиста визура за стварите и да учиш или да гледаш низ објектив као со маргарин премачкан и да се затупиш и изгубиш!
Затоа, наместо мушки стрини, тужни фацки, крадачи на мемиња, шиткачи на евтини фори, задушни баби, алапачи, мочковци шо џавкаат зад тастатура без ред книга прочитано, заследете начитани, креативни, автентични, умни, (макар делумно 😂) оптимистички настроени фаци и сè ќе биде во ред… И од ова ќе испливаме!

Еве, на пример, Ivor е супер!
Шо вели денес:

“Теорема Кварантели

Според американскиот социолог колку е полоша ситуацијата, толку луѓето стануваат подобри.
Катастрофичните настани го вадат најдоброто од човештвото.
Не е точно дека се реагира хистерично.
Солидарноста превладува над конфликтот.
Општеството се демократизира.
Исчезнуваат, иако на кратко, сите нееднаквости и класни разлики.
Се страда и се работи заедно.
Владите и бирократиите кои се премногу ригидни и неспособни да импровизираат, остануваат без лидерство.
Тогаш се развиваат спонтани граѓански организации.
Луѓето се чувствуваат поблиски до себе и до нештата кои ги опкружуваат.
Во нормални времиња секој сам страда, чувството на ранливост не маргинализира и не прави да се чувствуваме дискриминирано во однос на оние што се поштедени.
Со други зборови, добрината е нормална човечка состојба, вистина која не знаеме да ја разбереме.”

ФБ статус на Ирена Ристиќ