Унилатералната изјава на Бугарија е право на Софија кое не може никој да и го одземе, а во пракса таа изјава не произведува никакво правно дејство.
Доколку правиме споредба тоа е како издвоените мислења на уставните судии да речеме.
Издвоено мислење е мислење напишано од судија или судии кои не се согласуваат со мнозинското мислење, и всушност изразува несогласување на губитничката страна во процесот на одлучување, но тоа издвоено мислење има важност само за самиот судија и неговата совест, его, морал, етика, перцепција итн.
Така е и со бугарската изјава. Таа се користи од Бугарија исклучиво за задоволување на домашната јавност, нема никакво правно влијание во ЕУ и во основа преставува мислење на “губитничката” страна во процесот за одлучување за македонскиот јазик.
И да, македонскиот јазик официјално и формално ќе биде дел од европското законодавство и пракса без никакви додатоци.

ФБ статус на Сеад Ризвановиќ