Битка за правда
Некои пријатели мислат дека битката за правда требаше да заврши во два потега: со паѓањето на Груевски и со апсењето на злосторниците од страна на новата власт!
Животот, меѓутоа, е малку посложен. Битката за правда, праведност во неконсолидирани и во суштина темелно разорени општества, какво што е Македонија, е долготраен и, според многу параметри, мачен, а не спектакуларен и херојски процес, кој мора многу внимателно да се менаџира имајки ги предвид расположивите ресурси и односот на силите кои треба да го водат и оние другите кои треба да бидат совладани. Се разбира дека компромисите се неизбежни. Одржливоста на процесот бара да не се прават коморомиси со самата ориентација, односно да не се спроведува правда на неправен начин, додека коморомиси со по некој злосторник се нужни!
Секогаш и секаде било така.
Што тука не е јасно!?
Зошто не е уапсен овој или оној!?
Па, кој и врз основа на што требаше да ги уапси!?
Тоа е исто како да прашате зошто Законот за обвинителството не беше донесен порано или зошто не беше донесен без сите тие усогласувања.
Тоа е исто како да прашате: а зошто не влегнавме во НАТО во 2008 или 1998.
Или зошто Тричкивски толку врeме чекаше за да ја освои Моника Белучи!?
Зошто де!
Сите имаме право да се надеваме, да бараме, да очекуваме само врз основа на своите видувања, но одговорното раководење со процесите е многу посложена работа.
Затоа, другари, треба да излеземе на маршот. Или да отидеме на еден друг марш, што тука нема да го именувам, почнува на “у”.
Хагаха!
ФБ статус на Бранко Тричковски