Интересно е како планетава почнува да се чисти. Парите што се двојат за екологијата , но и за други тешки глупости, ќе може светот периодов да ги пренамени за здравје и за други важни работи. Нашите, предвидени за избори, исто можат да се пренасочат. Инаку во Холандија се носат мерки за помош на економијата и здравството во моментов и подрастични се од оние за мерките за заштита од короната – пари мора да има за луѓето, плати мора да има, државата ќе покрива. Ние сме специјалисти на тоа поле, тоа го правиме откога знаеме за себе – кај нас се’ било и е, на врат на државата. Добра вест е дека многу непотребни и умислени фукнции, професии, ангажмани ќе мора да се редуцираат. Ќе се вратиме малце назад, па може ќе добиеме втора шанса да си ги поправиме грешките и да засукаме ракави..или, не?!
ФБ статус на Синоличка Трпкова







































