Мицкоски ги потценува граѓаните, а таквите губат!
Наутро ја земаат таблата и го бранат старото име на пресови. Со тоа кршат Устав и си играат со иднината на земјата и на граѓаните.
На пладне се прибираат по канцеларии и праќаат писма и мејлови до амбасадори и меѓународни претставници. Таму се потпишуваат дека се од Северна Македонија.
Приквечер одат во Собранието и на бранот на успехот на Заев гласаат ЗА референдумското прашање: “Дали сте ЗА членство во НАТО и ЕУ преку прифаќање на Договорот од Преспа?”.
Да, денес наутро ВМРО-ДПМНЕ преку Мизрахи најпотценувачки кон граѓаните кршеше Устав со непочитување на уставното име, а попладнето ја верификуваше Северна Македонија гласајќи ЗА ратификација на нашето членство во НАТО.
ФБ статус на Марјан Забрчанец