Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец, во објава на Фејсбук, го коментира исказот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која изјави дека никој не сака да биде портпарол на Град Скопје.

„Па никој не сака да биде портпарол. Еве ајде дојдете вие бидете портпарол на Градот“, им рече Арсовска вчера на новинарите што ја следеа прес-конференцијата на разрешениот директор на Водовод.

Небо и земја, коментира Забрчанец.

„Градот Скопје нема портпарол и не одговара на прашањата на медиумите и јавноста. Во исто време, Владата е најтранспарентната институција во државава и најтранспарентна влада во регионот“, вели Забрчанец.