Поглавјето наречено “македонска интеграција” во себе содржи голема идеја чиј носител беше и сѐ уште е Зоран Заев.

Таа идеја е столб за македонската иднина за која мнозинството Македонци и мнозинството граѓани се одлучни дека е европска. Нашиот народ во огромно мнозинство потврдува дека македонската иднина е европска и дека не може да биде поинаква.

Во тоа име, имаме обврска и одговорност, пред себеси, пред граѓаните и пред државата, секој на свој начин, да ја продолжиме мисијата за интеграцијата на Северна Македонија.

Уште еднаш му благодарам на досегашниот премиер Заев за севкупниот ангажман за нашата татковина, а на новиот премиер Ковачевски му упатувам честитки и поддршка за новата енергија која ја вложува за подобра иднина на сите нас.

ФБ статус на Марјан Забрчанец