Во село Гиновци, општина Ранковце денеска е отворен нов производствен капацитет за пилешко месо на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешанал фреш фуд”. На отворањето присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, министерот за економија Крешник Бештеши, за финансии Фатмир Бесими…
„Една од заложбите на Владата е зголемување на домашното производство на прехранбени и земјоделски производи.Чест ми е што денеска присуствував на почетокот со работа новиот производствен капацитет за пилешко месо на конзорциум на домашни и странски инвеститори „Интернешанал фреш фуд” во селото Гиновци во Општина Ранковце.“ – порача Бектеши.
„Сопственото производство на храна е од голема важност за државата, а голема важност е што отварањето на овој нов производствен капацитет ќе значи и отварање на нови 3.000 работни места.Честитки до инвеститорите за храброста и одлучноста да инвестираат во ваков производствен капцитет.“ – порача министерот за економија.