-За оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита за месец април и мај. Тие ќе добијат просечно по 7.000 денари по домаќинство, рече денеска на пресконференција, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

“Исто така, со цел поддршка на постоечките корисници на социјална заштита, овозможуваме дополнителна исплата на енергетски додаток за месец април и мај. Вкупниот проценет фискален ефект за два месеци за двете мерки изнесува 389 милиони денари или над 6,3 милиони евра”, посочи Заев.