Младите лица до 23 години од денеска во центрите на вработување можат да аплицираат за младински додаток. Законот за младински додаток е објавен во „Службен весник“ и веднаш влегува во сила.

-Со младинскиот додаток ги поттикнуваме младите лица да се вклучат на пазарот на труд. Мерката се однесува на млади до 23 години кои имаат завршено најмалку средно образование и работат во производствена дејност или се индивидуални земјоделци. Ги повикувам сите млади да ја искористат можноста да го дополнат личниот буџет со 3.000 денари, секој месец. Младинскиот додаток се исплатува на лична сметка на корисникот, вели дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Младинскиот додаток е дизајниран, како што се посочува во соопштението од кабинетот на дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, не само да ја зголеми младинската вработеност, туку и да овозможи подобро платени работни места за младите луѓе.

За исплата на месечниот додаток од 3.000 денари за 2020 година предвидени се 160 милиони денари и се очекува да го примаат околу 4.000 лица