Во пресрет на изборите на 12 април тема на денешната прес- конференција на Kомисијата за енергетика ќе биде контрастот меѓу две политики, две визии во секторот. Од една страна на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и од друга страна под китата на ВМРО ДПМНЕ во изминатиот период, рече на прес-конференцијата, Митко Андреевски, претседателот на Комисија за енергетика на СДСМ.
„Факт број 1 за кој што денес ќе се потсетиме е во 11 годишното владеење на ВМРО- ДПМНЕ, носечкиот проект во гасниот сектор беше поврзувањето со “јужниот поток” и склучување на договори со Руската федерација и ГАСПРОМ.
Се потпишуваа меморандуми и договори, се организираа безброј патувања до Москва и назад, но реализација на тој проект никогаш не се случи.
Имено, факт број 2 од другата страна на изборната програма на СДСМ од 2014 и 2016 година, јасно посочивме дека на републиката и треба нов гасен коридор со еден од соседите, во случајот Интаконектор со Република Грција. Денес можам да ве информирам дека тој проект е поддржан и од САД и од ЕУ, добиени се парични средства во вид на гранд, а проектирањето е во завршна фаза. Се очекува во текот на оваа година да започне делот на изградба и во 2021 да ги почувствуваме придобивките од тој интаконектор.
Како што за 2,5 години ги реализиравме ветувањата дадени кон граѓаните, преку мерки и политики како што е враќањето на ефтината тарифа, решавањето на проблемот на исклучените од топлификациониот систем, намалување на ДДВ-то за парно греење од 18 на 5%, либерализација на пазарната електрична енергија и природен гас, носењето на нов закон за енергетика со сите негови европски придобивки и квалитети, изградбата на многу повеќе фотоволтаици, отворањето на можноста граѓаните да инвестираат во сопствени мини фотоволтаични централи итн.
Така ветуваме дека природниот гас со овој интерконектор, ќе стане достапен и ќе ја направи републиката транзитна земја на природен гас.
Затоа граѓаните на 12 април ќе направат разлика помеѓу една политика и една визија наспроти времето на Груевски и ВМРО- ДПМНЕ.
Да не дозволиме повторно режим“, изјави Андреевски.