119 илјади работници во 22 илјади компании земаат повисока плата како резултат на мерката за субвенционирање на придонеси на плати, вели вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

„Кумановската компанија Босут е една од оние којашто благодарение на помошта од државата успеа да им ги зголеми платите на дури 75% од вработените. Продолжуваме да создаваме успешна економија со компании и работници кои допринесуваат за подобар економски раст и развој“, истакна Царовска.