-Денеска се исплатени околу 10 милиони денари на 325 од последните лозари кои имаат предадено, а неисплатено грозје од винарниците во периодот 2014 – 2015 година. Со ова се решава долгогодишен, наследен проблем и се исправа една неправда која им беше нанесена на лозарите, сподели на социјалните мрежи генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
-Ги повикувам сите кои сѐ уште немаат доставено податоци да ги достават во Подрачните единици на МЗШВ или директно во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рураниот развој, порача екс министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.