Зголемување на пензиите ќе биде една од првите одлуки на новата влада, најави претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски во своето експозе на денешната собраниска седница.

„Одржувањето на животниот стандард и куповната моќ на населението мора да се задржи и зголеми. За таа цел, една од првите мерки на новата Влада ќе биде поддршка на пензионерите, преку посебно зголемување на пензиите.“ порача Ковачевски.

Ковачевски додаде дека покрај посебното зголемување на пензиите, Владата ќе остане посветена и на подобрување на понатамошниот модел за редовно законско усогласување на пензиите кое се врши два пати во годината.