Со средства во висина од околу 1.2 милиони денари од Агенцијата за млади и спорт ќе се реновира помошниот објект на фудбалскиот терен кај спортскиот комплекс во Крива Паланка. Станува збор за проект кој е продолжение на заложбите за унапредување на спортската инфраструктура во општината.

–Објектот што ќе се реновира е во лоша состојба, дел е од спортскиот комплекс на фудбалскиот терен и благодарение на Агенцијата за млади и спорт во првата фаза се одобрени 1.178.000 денари за комплетно реновирање на истиот. Ќе се изврши обнова на фасадата, пристапот, целата внатрешност на објектот вклучувајќи ги соблекувалните, тоалетите, помошните простории и терасата која ќе се адаптира како ВИП ложа, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

1

Посочи дека многу важно е што објектот ќе биде енергетски ефикасен и ќе има поставено фото-волтаични панели на покривот за затоплување на истиот, а и за обезбедување на топла вода. Во реновираниот објект ќе биде опремена и една просторија како чајна кујна за потребите на спосртските клубови.

Освен оваа прва фаза на реновирање и модернизација на објектот, планирани се и вложувања и обезбедување средства за уредување на целиот спортски коплекс.

2

Средствата од АМС за реконструкција на овој спортски терен се одобрени во рамки на Програмата за изградба на нови објекти и реконструкција на постојните објекти за 2021 година.