Денеска во Штип свечено беа пуштени во употреба обиколницата и новиот мост на реката Брегалница. На свеченоста присуствуваше владина делегација предводена од премиерот Оливер Спасовски, првиот човек на општина Штип, како и голем број граѓани кои по повеќе од 6 децении дочекаа нов, современ и функционален мост.

Спасовски истакна дека во Општина Штип после 65 години се пушта во употреба нов мост, кој е единствен од ваков тип во државата и градот добива модерна сообраќајна инфраструктура изготвена и реализирана според потребите на граѓаните.

„Овој мост е дел од проектот обиколница, и со неговото пуштање во употреба комплетно се заокружува првата и втората фаза од обиколницата која чини околу 60 милиони денари или еден милион евра. Станува збор за мостовска конструкција со должина од 60 метри, ширина од 10 метри, со предвидени две коловозни ленти и тротоар за пешаци. Дополнително како дел од обиколницата во близина на овој мост комплетно е изграден нов кружен тек со што се зголемува безбедноста на минувачите на влезот во градот“, нагласи премиерот Спасовски.

„Мостот “Иднина” нека сведочи за развојот на Штип, нека биде конкретен израз за соработка помеѓу сите граѓани и субјекти, но и на нашата одлучност да го отвориме регионот за нов развој и просперитет.
Нека ни е честит мостот “Иднина”, нека им служи на денешните и идните генерации!“ – порача градоначалникот на Штип Благој Бочварски.

11

3

7

2

5

1

4

22

9

8