Со бележењето на хоризонтана сообраќајна сигнализација на булевар АСНОМ во општина Аеродром, од утре граѓаните ќе возат по новиот проширен булевар.
Проширениот булевар добива по 3 коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило.

По завршувањето на оваа фаза, булеварот преку новиот мост, којшто е веќе во изградба, треба да се поврзе со населбата Ќерамидница во општина Гази Баба, а оттука и Аеродром ќе добие нова сообраќајна релација кон Центар кај поранешен Скопски саем.

„АСНОМ е третиот булевар кој што го завршуваме во последниов месец. Останува да се довршат вело патеките и да се постават семафори на раскрсницата. Средишното и странично зеленило, мислам дека се подразбираат. Тие веќе имаат и тоа каков поинаков стандард во нашиот град.“ – порача градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.