Изградба на експресен пат Ранковце-Крива Паланка.
Делницата е поделена на две подделници: Длабочица – Чатал и Крива Паланка-Длабочица. Вкупната должина на експресниот пат е 23км., а вкупна издвоена вредност 58,5 милиони евра.
Следиме прогрес на втората подделница во должина од 9км. и ширина од 11,40 м.
Вредноста на подделницата Крива Паланка-Длабочица е 30,5 милиони евра.
Се работи на земјени работи (ископ и насип), како и на бетонски работи како што се цевасти пропусти, и сл. Од вкупно 20 предвидени вијадукти во моментов градежни работи се одвиваат на 16 од нив. Физичкиот прогрес на работите изнесува 51%.