Дали министерството за транспорт и врски е убедливо најуспешното министество работи?

Првиот човек на ресорното министерство Горан Сугарески на својот ФБ профил сподели на кои се проекти во инфрастуктурата се работи периодов, како и кои проекти се планирани.

– Активна работа на 32 проекти за изградба и реконструкција на водоводи и канализации и тоа во Велес, Македонски Брод, Струмица, Куманово, Скопје, Берово, Крива Паланака, Битола, Гостивар,Струга и низ други општини.

– Оваа година започнуваме со реализација на уште 37 проекти исто така за изградба и подобрување на комуналната мрежа насекаде низ државата.

– Во моментов работиме на изградба на 180 km гасовод и тоа од Скопје до Гостивар и од Неготино преку Прилеп до Битола. Започнуваме постапки за изградба и на гасоводот од Гостивар до Кичево и од Велес до Свети Николе.

– Континуирано работиме на изградба на железницата кон Бугарија – најголемиот инфраструктурен проект во државата, а претходно ја завршивме пругата кон Грција.

– Досега обезбедивме кров над глава на 160 ранливи семејства, во моментов градиме 110 станови во Неготино и Пробиштип, а годинава очекуваме да започнеме со изградба и на уште неколку згради во Бутел, Виница, Велес, Свети Николе, Гевгелија Пехчево, Дебар, Сарај, Шуто Оризари и Демир Капија.

– Континуирано обезбедуваме нови авиолинии со што постојано го рушиме рекордот на бројот на превезени патници од двата аеродроми.