Денес во Струмица се одржа програмската трибина МЛАДИ 20-24 на тема „Земјоделство“ во организација на СДММ. На трибината се обратија претседателот на Локалниот Клуб на СДММ од Струмица Столе Коциров, Гоце Георгиевски член на Комисијата за земјоделство на СДСМ , Сања Митева, професорка која доаѓа од земјоделско семејство и Слободанка Коцева, млада земјоделка.
Споредба за бенефитите кои ги имаат земјоделците од струмичкиот регион денес и во изминатите години, направи Сања Митева. Многумина знаат дека потекнувам од земјоделско семејство. Речиси една деценија пазарите ни беа затворени, моите родители се соочува со проблем при пласман на производите. Или производите остануваа непродадени или се продаваа по екстремно ниски цени. Се доделуваа квази субвенции, кои не ги добиваа вистинските земјоделци. – истакна Сања.
За прв пат после 11 години имаме навремена и фер исплата на субцвенциите. Од 1-ви јуни 2017 година па до сега се исплатени долговите од 2013, 2014 и 2015 година кои минатата власт не ги сервисирала навремено и ги пренаменувала кон непродуктивни трошоци – дополни Сања.
За состојбата во која е затекнат секторот земјоделство и она што е спроведено од страна на Владата во изминатите 2 и пол години, зборуваше Гоце Георгиевски член на Комисијата за земјоделство на СДСМ.
Над 340 милиони евра се исплатени кон земјоделците во изминатите 2 и пол години. Состојбата во која го затекнавме секторот земјделство беше катастрофална, како пример Програмата за директни плаќања ја наследивме со 40 милиони евра долг кон земјоделците, решававме и наследени проблеми и неисплатени обврски кон земјоделците од страна на откупувачите и дополнително ги сервисиравме тековните обврски.
Во овие 2 и пол години најголем акцент е ставен на земјоделските политики кои се однесуваат на младите земјоделци. Золемени се субвенциите за млади земјоделци и се ослободени од плаќање концесија за земјоделско земјиште во првите 3 години.
Политиките во земјоделството се со фокус на младите и се насочени кон дигитализација на процесите. Ги поддржуваме идеите на младите и модернизација на земјоделството. Модерниот земјоделец својата оранжерија ја раководи со мобилниот телефон, затоа даваме поддршка за новите технологии.
Во моментов има активен проект за поддршка и развој на земјоделски задруги, што според мене е форма на здружување која ја носи иднината. Такви се фармерите во Европската Унија, такви треба да бидиме и ние. Проектот поддржува основање на нови земјоделски задруги со грантови до 40 илјади евра, каде повторно фокус се дава на младите земјоделци. Затоа ги повикувам сите млади земјоделци, да се здружат за да го унифицираат производството, да се брендираат и заедно да настапат на пазарот.
Ветивме зголемување на сумата за мерката Млад земјоделец и тоа веќе го реализираме. Сумата е зголемена од 10 000 на 20 000 евра, во моментов имаме активен повик за сите заинтересирани млади земјоделци кои ги исполнуваат критериумите да аплицираат – истакна Гоце Георгиевски.
За поддршката и позитивното искуство преку мерката Млад земјоделец зборуваше Слободанка Коцева.
Кога слушнавме дека постои можност за дополнителна поддршка од државата, ја поднесов потребната документација и ме известија дека ги исполнувам условите и дека имам добиено средства во форма на грант. Вкупната сума на средствата кои ги добивме беше 10.000 евра. Овие средства ги искористивме за набавување на приклучна механизација, плуг, приколка, прскалка и друго.
Нашето семејство се занимава со производство на млеко, произведуваме 300 литри дневно, а тоа е месечно околу 9 тони млеко месечно. Со поддршката обезбедивме дополнителна механизација и го зголемиме обемот на производство.
Јас порачувам до сите млади кои се од овој регион, па и од целата држава и кои доаѓаат од земјоделски краишта, да ги искористат овие можности и да поднесат документи и да добијат поддршка од државата. Оваа година сумата е зголемена од 10.000 на 20.000 евра што е уште подобро и младите треба да го искористат тоа – додаде Слободанка.