Ја реализираме втората мерка од најавените пакет мерки за системска поддршка на спортот и спортистите во нашата држава, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

„Секој клуб кој има регистрирано минимум 15 млади спортисти до 18 години во индивидуалните спортови, односно минимум 50 млади спортисти до 18 години во екипните спортови ќе може да биде корисник на надомест од 14.500 денари за месеците април и мај.

Од првично најавените критериуми, ги намаливме бројките врз основа на забелешките на клубовите, со цел што поголем број на клубови да ја искористат оваа мерка.

Ќе продолжиме да ги следиме активностите на федерациите и клубовите, со цел да излеземе во пресрет на нивните барања и да им помогнеме непречено да ги реализираат своите активности и по завршувањето на кризата“, посочи Каевски.