Дарко Каевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, денеска на својот Фејсбук профил објави дека донирал 100 пакети со прехранбени производи и средства за хигиена на социјално загрозени семејства на територијата на општина Кисела Вода и околината, како помош во услови на корона-криза која ја зафати и нашата земја.

“Денес донирав 100 хуманитарни пакети со прехранбени производи и средства за хигиена, за помош на нашите сограѓани.

Дел пакетите ги доставивме до Општинскиот кризен штаб, а останатите ги дониравме во ранливи домаќинства од Кисела Вода и околината.

СДСМ Кисела Вода ги става на располагање сите свои ресурси за поддршка на ранливите групи на граѓани со цел да се олесни нивното живеење, во период на пандемијата од Ковид – 19.

Да покажеме солидарност и хуманост, да ја искористиме секоја можност за помош во заедницата!” – напиша Каевски.

ФБ статус на Дарко Каевски