Владата на Република Северна Македонија ја усвои измената на одлуката за категоризација на државните патишта.
– Патниот правец Спасена-Луке е категоризиран во регионален и ќе влезе во програмата за рехабилитација на Јавното претпријатие Државни патишта. Регионалниот пат – изменета траса на Р2250 е делница: Крива Паланка, врска со А2- Киселица – Дубровница – Луке – граница со Република Србија, информираше градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски кој додаде дека патот претставува поврзување на неколку населени места од општината и границата со Р.Србија, а категоризацијата се изврши по барање и предлог на Општина Крива Паланка.
-Продолжува праксата на создавање подобри услови за живот во секој дел од општината, за сите жители, порача Митовски.