Претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Кирил Колемишевски учествуваше на отворање на изборен штаб на СДСМ во Општина Ѓорче Петров.
Колемишевски ги потенцираше евидентните разлики помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
На овие избори граѓаните ќе избираат помеѓу два концепта, едниот е концепт на минатото кој го води ВМРО-ДПМНЕ, а вториот концепт на иднината кој го води СДСМ во широка, победничка коалиција, истакна Колемишевски.
Колемишевски се осврна и на економските реформи на СДСМ.
За само 2,5 години имаме бројни успеси а економската понуда на СДСМ за новиот 4 годишен мандат носи уште подобар животен стандард, рекорден раст на платите, рекордно ниска невработеност, инвестиции и економски раст. До крајот на мандатот, до 2024 година, ќе отвориме 100.000 нови работни места. Ако можевме за 2,5 години да отвориме 60.000 конкретни, јасно видливи работни места главно во реалниот сектор, знаеме и можеме за полн мандат од 4 години да отвориме 100.000 нови работни места. Во новиот мандат растот на платите продолжува и тој ќе биде и побрз и посилен. Просечната плата ќе порасне на 36.000 денари. Минималната на 18.000 денари, истакна Колемишевски

Колемишевски потенцираше дека реалните реформи на СДСМ се причина се повеќе граѓани да пристапуваат како членови на СДСМ, тоа се гледа насекаде во државата и затоа СДСМ убедливо ќе победи на изборите на 12 април.







































