Со зголемена минимална плата и со повисоки пензии го унапредуваме животниот стандард на граѓаните, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

„Задоволен сум што од март годинава, нашите сограѓани ќе земаат минимална плата од 18.000 денари, двојно поголема од онаа во 2014, вклучувајќи ги и дел од вработените од компанијата „Текспорт“, која ја посетив денеска.
Направивме методологија со која минималната плата континуирано ќе расте и очекуваме да ја надмине и сегашната договорена сума“, посочи Ковачевски.

Ковачевски соопшти дека во процес е и изработка на методологија за одржлив раст на пензиите, но и пакет финансиска поддршка за нив.