Марија Георгиевска, кандидатката за пратеник и претседател на ОО СДСМ Карпош, денес делеше хуманитарни пакети на свои сограѓани на територијата на општина Карпош.

“Денес ОО на СДСМ Карпош подели хуманитарни пакети со прехрамбени и хигиенски производи на свои сограѓани на кои најмногу им треба помош во овие тешки моменти кога се справуваме со кризата од корона вирусот.

Продолжуваме да се грижиме едни за други, затоа што секој е важен!” – напиша Георгиевска.