Градоначалникот на Крива Паланка првиот работен ден го започна со средба на малиот Давид и неговата самохрана мајка од с. Конопница.

Митовски се обврза за решавање на проблемот кој суровата судбина го вгнездила во нивните животи со вклучување на сите надлежни институции.

Ветувањето на Митовски денеска веќе е ралност со тоа што веќе се обезбедени материјалчни средства за малиот Давид и неговата мајка да добијат основни услови за секојдневно функционирање.

„Првиот работен ден го започнав вака….
Тогаш се обврзав ….денеска можам слободно да кажам дека веќе се обезбедени материјални средства од донатор,Општествено одговорна компанија која сака да остане анонимна, ова семејство да добие основно услови за секојдневно функционирање.
Компанијата ќе донира средства за изградба на WC со бања. Исто така, ЈП Комуналец ќе помогне во извршувањето на мајсторските работи во текот на градбата.
Со овој статус сакам да потикнам доколку е возможно на овој повик да се одважат уште Општествено одговорно компании за да овој процес продолжи со градење и на соодветна детска соба за малиот Давид“, посочи Митовски.