Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски соопшти дека дека отпочнува реконструкцијата на пристапниот пат во населба “Единство” од Ловечки дом кон м.в. Радевска маала и улица “Пиринска”.

„Инвестираме 3.315.000 денари преку Министерството за транспорт – Програма за поддршка на имплементација на декада на Ромите и буџет на Општина Крива Паланка.
Денес е воведен во работа изведувачот, а заедно со стручните лица од општината извршивме увид на терен.
Проектот опфаќа реконструкција и рехабилитација на наведените патни правци.
Инвестираме, вложуваме во секој дел од општината.
Се грижиме за сите граѓани“, посочи Митовски.