Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски информираше дека по 40 година комплетно е рехабилитиран и асфалтиран патниот правец кон село Огут.

„Нема поубаво чувство од тоа кога знаеш дека со твојата работа некого ќе усреќиш.

Со вредната екипа, вработените од Македонија пат денеска завршивме уште еден капитален и значен проект за граѓаните на Крива Паланка“, рече Митовски.