Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска беше во Берово и Пехчево каде беше врачена донацијата од четири нови противпожарни возила, опрема за пожарникарите и дрон.

2„Чест ми е што денеска имам можност да споделам убави новости за општините Берово и Пехчево, кои од голема важност за жителите во Малешевскиот регион. Благодарение на Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската агенција за развој и соработка, Територијалната противпожарна единица на општина Берово и подружниците на ЈП Национални шуми Берово и Пехчево, после долги години, денеска добија четири нови противпожарни возила, опрема за пожарникарите, дрон, како и обуки за пожарникарите за управување со дрон.“ – рече Николовски.

1
„Оваа донација е исклучително важна, имајќи предвид дека досега оваа единица располагаше со дотраена опрема и возила, и ќе придонесе за безбедноста на граѓаните и за заштита на нашето природно богатство, шумите.
Со заеднички сили, со поддршка од нашите меѓународни партнери и преку владините програми, континуирано вложуваме во подобрување на условите за живот во секоја општина и во секој сегмент.“ – посочи вицепремиерот.

5