Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска по повод Денот на волонтерството, заедно со волонтерите и секретарот на Црвен Крст – Крива Паланка, Дарко Пешовски, го посетија Вакциналниот пункт во Крива Паланка.

„Ја имав честа, на медицинскиот персонал во здравствениот дом проф. др. Димитар Арсов, кој работи во Вакциналниот пункт и волонтерите, да им го врачам Пехарот на хуманоста кој како традиција се пренесува од 2018 година и носи порака на хуманост, чесност и искреност.
Ми претставува особено задоволство што во рамки на оваа посета ги донирав патните трошоци што ми следуваа во текот на претходната година и кои ќе бидат наменети за новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства“, истакна Николовски.