Особено ме прави среќен кога го гледам развојот на родниот крај! – порача на социјалните мрежи вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски споделувајќи ја веста дека на вчерашната владина седница е усвоена Информацијата за склучување на договор за изградба на улицата “Вршачка” во населбата Долно Грамаѓе, општина Крива Паланка

„Оваа улица е важна за олеснување на пристапот на граѓаните до своите домови и гравитацијата кон централното градско подрачје, со вкупна инвестиција од околу 10,3 милиони денари, обезбедени преку пренамена на средства од концесијата која „ТАВ Македонија“ ја плаќа кон државата. Планирани се и реконструкции на улици во населбите Чивлк и Мизовски ливади во Крива Паланка“, вели Николовски. 201152454_3020223594865826_693296231096443867_nВицепремиерот Николовски најави и други важни проекти за инфраструктурен развој на Крива Паланка.

„Досега преку Министерството за локална самоуправа се одобрени проекти за реконструкција на Домот на култура во Крива Паланка во вредност од над 4,1 милиони денари, изградба на локален пат кон с. Герман во износ од 7 милиони денари и патен правец во с. Радибуш во износ од над 2,5 милиони денари. Продолжуваме!“ – дециден е Николовски.