Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски истакна дека од првиот работен ден работат на план за подготoвка на нови закони, мерки и решенија.

„Со повеќе законски решенија во периодот 2017 – 2019 година се решија наследените проблеми за земјоделците, се креираа нови мерки за поддршка за продуктивно и конкурентно земјоделство:
📌Со законот за земјоделство и рурален развој ја вoведовме мерката за зелена нафта, за 20.000 евра грантoви за младите земјоделци, се реши проблемот со долгот на винариите кон над 2000 лозари.
📌Преку законот за земјоделското земјиште се ослободија од плаќање на закупнина младите земјоделци до 40 години, се уреди постапката за закуп на земјоделско земјиште под насад, се овозможија градби на земјоделско земјиште за промоција и продажба на земјоделски производи кои се значајни за руралниот развој.
📌Со законот за консолидација се започнаа првите постапки за окрупнување на земјоделското земјиште во Егри, Конче и други региони.
📌Со законот за продажба на земјоделското земјиште се реши деценискиот проблем на сопствениците на оранжериите за сопственоста на земјиштето и истите си го откупија.
📌Со законот за вино се поедноставија условите за регистрација и веќе имаме десетици нови семејни винарии, а се развива и винскиот туризам.
📌Со законот за тутун се укинаа евидентните листови, се поедностави процедурата за склучување на договорите, се гарантираше откупот и откупната цена.
📌Со неколку законски решенија преку усогласувањето со Законот за прекршоци значајно се намалија глобите, што придонесе за позитивна клима за нови инвестиции во земјоделството и руралниот развој“, посочи Николовски.