По повод денешниот празник свети Трифун, заштитникот на лозарите, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски беше во посета на Тиквешкиот регион, како најпознат по производството на вино.

Нашата земја стана препознатлива по производството и извозот на вино, а незанемарлив е и девизниот прилив од оваа гранка во нашата држава.-изјави Николовски.

Тој посочи дека лозарството и винарството се едни од гранките во кои изминативе две и пол години се инвестираше многу. Започнувајќи од решавањето на наследениот проблем со долгот за неплатено грозје од страна на винарниците Повардарие и Стефани, кој изнесуваше над 1,2 милиони евра, а се исплатија кон 2.048 лозари од овој крај.

Тој истакна дека остануваат уште околу 680 лозари кои ќе бидат обештетени со новите законски решенија во периодот кој следува.

Покрај враќањето на старите наследени долгови Николовски ги истакна и тековните редовни мерки со кои се исплаќаа субвенциите кон лозарите. Па така, пред почетокот на новата производствена сезона се исплатија околу 9 милиони евра на 15.208 лозари за основната субвенција за одржување на лозови насади. Додека пак, за дополнителната субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби, се исплатија вкупно 66,2 милиони денари или над 1 милион евра на 6.240 лозари.

Минатата година воведовме нова дополнителна субвенција за килограм предадено грозје во регистрирани винарници во износ од 2 денари за килограм и дополнително проширена. Конкретно, субвенцијата ќе биде наменета не само за винските сорти вранец и смедеревка, туку и за други актуелни сорти од реколта 2019.- истакна Николовски.

Тој посочи дека од големо значење е носењето на Законот за вино со кој се воведоа измени кои се во насока на остварување на поголеми приходи за винарските визби и за лозарите, кои овозможуваат поголем извоз на вино и девизен прилив.

На малите винарии, кои произведуваат до 100.000 литри вино годишно, им даваме можност да работат со ангажирање на енолог, со договор а не како досега да мораат да имаат вработено дипломиран енолог, додека физичките лица ќе можат да произведуваат вино со завршено средно образование.-истакна Николовски. Тој додаде дека на овој начин се овозможува се поголем број на луѓе се занимаваат со оваа гранка.

Николовски посочи дека податоците потврдуваат дека се повеќе расте производството но и извозот на флаширано вино, а со тоа и девизниот прилив во државата.

Ова се само дел од мерките преку кои ја покажуваме нашата посветеност и грижа кон лозарите.

Особено сме горди тоа што 2019 година е година на најголема искористеност на ИПАРД фондовите и може да се каже дека сме шампиони во регионот. Тој воедно ги повика сите граѓани да ги искористат можностите и средствата кои како помош им се нудат од овие фондови. 2019 година е прва година кога ние не враќаме пари назад туку имаме целосна искористеност.-истакна Николовски.

Создаваме нова програма, имаме сет на нови мерки и политики за земјоделците, а оние кои досега се покажаа како успешни дополнително ги надградуваме. Тука би го спомнал зголемувањето на процентот од 30% на 50% за субвенцијата за зелена нафта, која се покажа како многу успешна со оглед на тоа дека ја искористија околу 55.000 земјоделци.-рече Николовски.