Гледајќи ја пожртвуваноста и енергијата на Митрополитот на Кумановско-осоговската Епархија, Г. Јосиф, за развојот на нашето светилиште – Осоговскиот манастир во еден наш разговор во канцеларијата во министерството во 2018 год.(седејки странично од големата слика на манастирот што и денес се наоѓа на исто место ) го прашав што е тоа што може да помогнеме.

Тогаш тој побара да го обновиме стариот пат до манастирот. Како и за сите други добрини си дадовме збор и за оваа работа.

Епархијата го направи проектот и истиот го одобривме да биде финансиран и денес реализиран преку програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Нека нашиот заштитик пружи мир, здравје, спокој, радост и добрина во секое семејство и за сите луѓе 🙏🙏🙏

Љупчо Николовски