Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска го презентираше новиот пакет економски мерки вреден 200 милиони евра.
-Развојната банка на Северна Македонија ќе пушти 50 милиони евра евтини кредити преку комерцијалните банки во износи од 3,000 до 90.000 евра со севкупна камата не поголема од 1 %, во моментот се преговара за 1% до 1,5% верувам дека банките ќе го прифатат ризикот од 1%, а трошокот на Развојната банка од 0,5% ќе го покрие владата, со конечна цел да бидат максимални најевтини ваквите кредити, рече Заев.
Дополнително, развојната банка на Северна Македонија, покрај 5,7 милиони ќе пушти и дополнителни 6 милиони евра бескаматни кредити за фирмите под веќе соопштените услови, а каматата ќе ја покрие владата.