Владата предводена од СДСМ уште еднаш докажува дека вистински се грижи за земјоделците, констатираат од партијата споделувајќи дел од мерките донесени за да им помогнеме во надминување на последиците од корона кризата.

Донесена нова интеревентна мерка во висина од 3 денари за продадена зелка во периодот од 5-ти април до 5-ти мај 2020 година. Се стабилизира пазарот со зелка!

Се зголеми вкупната финансиска поддршка за женско јагне на 2.500 денари по грло. Се покриваат загубите на одгледувачите на овци поради намалениот извоз на јагниња!

 Продолжен е рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 до 12-ти ноември 2020 година. Се овозможува земјоделците да обезбедат приходи од продажба, па потоа да платат закупнина.

 Финансиската поддршка од 14.500 денари во април и мај – за земјоделците кои се самостојни вршители на дејност, а се регистрирани според Законот за трговски друштва.