Почнувајќи од декемвриската плата, работниците со најниски примања земаат минимална плата од 14.500 денари што е зголемување од 60 отсто споредено со 2017 година.

Стотина вработени во ИКТ секторот во МВР од месецов добиваат повисоки плати за 30%.

Вработените во градинките, образованието, културата, здравството, армијата, центрите за социјална политика имаат зголемени приходи како никогаш досега, поголеми од 20%.

По сектори, повисоки плати за 16% добиваат над 3.000 вработени во градинките или во просек за 3.000 денари повеќе од претходно.

Со покачувањето од 10 отсто од 1 јануари, вкупното зголемување на платите во основното, средното, високото образование и во науката, изнесува кумулативно скоро 21% имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година.

Осум години платите во Армијата беа замрзнати, денес платите во одбраната растат од 3.000 до 6.000 денари, а дополнително секој припадник на Армијата добива по 7.000 денари за станарина.

Веќе од февруари, повисоки плати добиваат вработените во здравството. Тоа значи повисоки плати за специјалистите за 25%, општите лекари 15%, медицинските сестри 10%, здравствените соработници 5% и помошно техничкиот персонал за 5%.