Од плаќање закуп на социјалните станови ќе се ослободат сите корисници на тие станови, а исто така ќе се ослободат од плаќање закуп и граѓаните и фирмите кои имаат закуп на деловен простор од Претпријатието за станбен и деловен простор. Тоа ќе се случи за следните три месеци додека се очекува да трае кризата.

-Препорачувам до сите приватници коишто издаваат простор да го сторат истото, да одложат и да бидат солидарни во овие месеци верувам дека можат да издржат да ги одложат закупнините односно закупите кои ги даваат на своите клиенти заради тоа што тоа ќе покаже голема солидарност, рече денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

zaev