-Ќе се отстрани една од галиите во Вардар. Обезбедени се услови за дислоцирање на првата галија, рече денес градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Скопскиот градоначалник изјави дека нема да има опасност од финансиски трошоци за буџетот на градот и дека рокот за остранување на галијата во близина на панорамското тркало ќе биде 30 дена.
-Безбедноста е на прво место, а во моментов има опасност од поплави. Ќе продолжиме со отстранување и на следните галии, истакна Шилегов.







































