На почеткот на март се очекува да пристигнат од 17 до 33 нови еко-автобуси во Скопје, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Тој во одговор на новинарско прашање информира дека еко-автобуските во моментов се наоѓаат во фабриката на МАН на увид. Еко-автобусите, додаде тој, се со црвена боја иста како и останатите автобуси во Скопје како заштитен знак, а внатрешноста на овие автобуси уште се работи.
– Од јавното сообраќајно претпријатие денеска ми ги пратија сликите од еко-автобусите, а во моментов МАН врши нивен надзор. Нашиот МАН е премиум производител, не е некој непознат кинески произведител, со кои сега имаме проблем во набавка на новите делови, поради коронавирусот, рече градоналаникот Шилегов.