Модернизацијата на Коридорот 8 е стратешка определба на нашата земја и заради регионалното поврзување и соработка како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија, објави премиерот Иливер Спасовски.
Реконструкцијата и рехабилитацијата на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир се значајни бидејќи овој патен правец е дел од Коридорот 8 кој ја поврзува оската Исток-Запад на југот од европскиот континент.
Во партнерство со Европската Унија развиваме систем на превоз што ќе придонесе кон зголемување на трговската размена, во развојот на економијата и комуникацијата со европските земји, порача Спасовски.
Отпочнувме со модернизација на патниот правец Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, преку изградба на трета лента. Со инвестиција од 13 милиони евра ќе овозможиме побезбеден и побрз транспорт на патници и стока кон соседна Бугарија, порача министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.