На вчерашната собраниска седница парламентарното мнозинство, на предлог на Владата предводена од СДСМ, ги изгласа измените на Законот за извршување кои се особено во интерес на загрозените категории на граѓани.
Новиот Закон за извршување обезбедува целосно изземање од присилното извршување на примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита,примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на старите лица.
Со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана од примањата на граѓаните.
Наместо досегашните 1/3 од примањата, износот кој може да биде извршен се намалува на 1/5 од плата или пензија за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија.
Примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните.