Проектите од Програмата за рамномерен регионален развој се одлична можност за презентирање на досега неискористениот туристички потенцијал, рече премиерот на техничката влада на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски.
„Денеска присуствував на пуштањето во употреба на новата сала во Општина Ранковце, каде што туристичките особености и потенцијали на општината сега ќе можат да бидат видливи и да се презентираат и преку 3Д мапингот, реализиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка“, истакна Спасовски.