Членот на ЦО на СДСМ Горан Сугарески денеска од програмската трибина Агенда 20-24 посветена на темата инфраструктура говореше за гасификацијата за што кажа дека има голем напредок.
„94 отсто има реализација на гасификацијата во 2019 година. Или вкупниот процент на реализација на капитални инвестиции на Министерството за транспорт и врски е 86 отсто. Делот на гасификација го завршуваме со кракот од Неготино до Битола, оваа година исто така завршуваме со кракот од Скопје преку Тетово до Гостивар. Се отпочнуваат нови проекти од Кичево до Гостивар, како и делот кај Велес”, рече Сугарески.
Зборувајќи и за социјалните станови, Сугарески кажа дека ќе почне изградба на зграда во скопската населба Бутел од 312 станови.
“Отпочнавме и  изградба и во Пробиштип,  Неготино и Виница”, Сугарески.
 
Сугарески очекува од 1 март да започне вистинска градежна офанзива кога ќе се реализираат низа проекти.
Сугарески на трибината ги спомна и измените во Законот за урбанизам коишто се усогласени со консензус од повеќе партии, а со што и ќе се спречи урбаниот хаос, односно ќе има ред каде и како може да се гради.