Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој денеска информираше дека започнува поднесувањето на барања за субвенции за 2020 година.

Поради корона кризата и мерките на претпазливост, се препорачува земјоделските производители електронски да го поднесат барањето, за што е изготвено УПАТСТВО ЗА КОРИСНИЦИ за постапки за спроведување на Правилникот за начинот и постапката за спроведување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020.

ПРОВЕРКИ ПРЕД ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ

Пред поднесување на барањето потребно е да ги направите следните проверки, односно ажурирања во соодветните регистри:

  • Проверка на евидентирани лични податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства кој се води во подрачните единици на Министерството (ЕРЗС); и
  • Проверка на евидентирани податоци во Регистарот за идентификација ирегистрација на домашни животни во ветеринарното друштво со кое сточарот има склучено договор.

Поднесувањето на барањата за мерките по површина се врши врз основа на податоците во ЕРЗС и СИЗП (систем за идентификација на земјишни парцели) со состојба на 30 јуни 2020 година. За упишаните парцели по овој рок нема да се исплаќаат директни плаќања за 2020 година.

Поднесувањето на барањата за говеда, овци и кози се врши врз основа на податоците во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни на денот на поднесување на барање.

РЕГИСТРАЦИЈА И НАЈАВУВАЊЕ

Регистрација во системот се врши преку веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk со избор на делот „Директни плаќања е-барање“.

За помош при поднесување на електронското барање (е-барање) можете да се обратите во подрачната единица на Министерството и во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

Детално упатство со слики на следниот линк:

Упатство за електронско барање 2020

Извор – Агротим.мк