“Владата на последната седница ја усвои програмата на Јавното претпријатие за државни патишта за 2021 година. Благодарение на заложбите на Љупчо Николовски, заменик претседател на Владата, преку оваа програма ќе се изврши рехабилитација на државниот пат – обиколница на Крива Паланка.” – информираат од ОО СДСМ Крива Паланка.

“Уште еден крупен проект од близу 700.000 евра за граѓаните на Крива Паланка. Од целосно запоставен регион во минатото, во Истокот денес се инвестира во крупни капитални проекти за подобри услови за живот на сите граѓани. Со овој проект се врши целосна обнова на патната мрежа од Скопје до Деве Баир.” – потенцираат од владејачката партија.