-Преку програмата за рурален развој на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се реконструира патот до нашето најбогато културно – историско наследство и најголем промотор на Крива Паланка, манастирот “Св. Јоаким Осоговски “, со комплетно нов слој асфалт во должина од 2.77км, во износ од 13.498.598,00 денари, напиша на Фејсбук генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и сподели видео.
Во изминативе 2 години, како никогаш досега, општина Крива Паланка наидува на поддршка од централната власт предводена од СДСМ за развој на локалната инфраструктура.
Само преку програмата за рурален развој на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за овој краток период, се финансираат дури четири проекти во вкупен износ од 42.909.731 денари.
Се работи за проектите:
Пат во село Голема Црцорија-делница од маала Рупје до маала Баратлици и крак до локалното училиште во износ од 17.455.475,00 денари.
Изградба на локален пат с. Конопница м.в. Кула (Лиска) м.в. Стублица кон спој со А2 во должина од 1473,72м и во износ од 8.481.308,00 денари.
Креирање на услови за современо чување, складирање и продажба на земјоделски производи“ во износ од 3.474.350,00 денари, со што, на градскиот пазар, се поставени 120 метални тезги, 30 подвижни дрвени тезги како и 20 витрини со ладилник.
Реконструкција на патот до манастирот “Св.Јоаким Осоговски “, во должина од 2.77км и во износ од 13.498.598,00 денари, со целосна реконструкција и проширување на 6 метри на коловозната лента со комплетен нов слој асвалт од 7 цм.